Советот денес заседаваше со 61 работна седница на која имаше дневен ред од 26 точки.
Оваа седница е една од последните седници на овој совет кој имаше мандат од четири години, кој мандат завршува со изборот на новиот советнички состав од изборите на 17 октомври.
Како што беше најавено следува уште една седница на која е предвидено разгледување на неколку предлог одлуки кои беа повлечени од денешната седница.
Седницата ја водеше Претседателот на Советот Викица Манолева.