Исто така се подготвува скрининг на генералната здравствена состојба на населението, како и брзи антигенски тестови тестови за учениците во основните и средните училишта во државата.
„Имаме веќе бројка од 700.000 граѓани кои се вакцинирани со две дози, што значи дека 37 отсто од вкупното население во земјава е имунизирано. По старосни групи 74 проценти од лицата над 70 години се вакцинирани, 65 % над 60-годишна возраст, 60% над 50 години, 55 % над 50 години и 31% се имунизирани лицата од 18 до 39-годишна возраст. Верувам дека интересот нема да се намалува, за да стекнеме колективен имунитет“, рече Филипче и дополни дека сепак има една одредена бројка од 1.500-2.000 граѓани на ден што се пријавуваат за прва доза на вакцина.
Министерот Филипче кажа дека и граѓаните кои имаат примено две дози вакцини во странство, третата доза ќе можат да ја примат кај нас во кој било вакцинален пункт.
Станува збор за правење брзи антигенски тестови за ковид-19, а детали за овој пристап, како што рече, ќе кажат во наредните денови, бидејќи, според министерот, ова бара одредена подготовка, во однос на согласност од родителите.
*фото Архива
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови