ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МАЛОПРОДАЖНИТЕ ЦЕНИ НА НАФТЕНИТЕ ДЕРИВАТИ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во однос на Одлуката од 30.8.2021 година.

-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,824 денар/килограм и сега ќе изнесува 37,843 ден/кг.

Од 07.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,843 (денари/килограм)

 

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 3,506%, дизелот за 3,108%, екстра лесното масло за 2,719% и кај мазутот зголемување е за 3,856%.

 

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,724 % .

 

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.9.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, соопштија од РКЕ.

 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза