РАДОВИШКО ПАТНИЧКО ВОЗИЛО УЧЕСНИК ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ПИРАВА, ВАЛАНДОВСКО

На 14.09.2021 во 06.45 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на место викано „Железнички мост“ во близина на село Пирава, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „алфа ромео“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од лице од село Калуѓерица, радовишко и трактор „фергусон“ управуван од М.С.(44) од село Пирава, валандовско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

 

СВР Струмица

 

*Фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза