РОКОТ ИСТЕКУВА ЗА ПРОВЕРКА ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

Четврток полноќ е крајниот рок каде што граѓаните ќе можат да ги проверат своите податоци за Избирачкиот список, а до сабота на полноќ (11 септември) се поднесуваат кандидатурите за учество на локалните избори закажани за 17 октомври. Учесниците на изборите ги објавуваат и последните кандидати што ќе ги претставуваат.

До саботата во Избирачкиот список проверки направиле вкупно 12 128 лица, соопшти Државната изборна комисија. Дотогаш се поднесени се вкупно 47 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барања за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците во избирачкиот список.

Граѓаните може да ги проверат своите податоци во подрачните единици и канцеларии на ДИК, како и електронски преку нивната веб-страна.

 

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза