ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ НА МААЛСКИ СРЕДБИ ВО РАДОВИШ И КОНЧЕ

Од Радовиш потпретседателот на СДСМ повика да се води позитивна кампања, обединети и единствени за интересот на граѓаните.

„Оваа Влада предводена од СДСМ го има капацитетот да се справи со проблемите на граѓаните, а тоа е евидентно со развојот на Радовиш, како и со сите други места во државата, достоинствено и гордо можеме да излеземе и да кажеме за Радовиш – одиме на победа, на уште подобро и уште повеќе – истакна Спасовски.“

Исто така средба со жителите се оствари и во Конче каде што потпретседателот на партијата Спасовски се обрати на присутните граѓани.

„Во изминатите 4 години жителите на Конче се уверија во квалитетот и резултатите, Конче се залага за квалитетен живот, а тоа се гледа преку големиот број реализирани проекти, изградба на локални патишта, изведба на фекална канализација, реконструкција на канализација и многу други – истакна во своето обраќање Оливер Спасовски во Конче.„

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза