ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ – ВИЗИЈА, ХОБИ, ЗДРАВ ЖИВОТ

Зошто еден од најуспешните спортски клубови во Радовиш е Велосипедскиот клуб „Бел Камен Бајкс“?

Затоа што позади него стои успешен и докажан менаџер – Ацо Ристов.

Уште од основањето на клубот во 2015 година, визијата, мисијата и целите им биле јасни:

  • Oмасовување и развој на велосипедскиот спорт во општина Радовиш;
  • Развивање на популаризација на велоспидеизмот како составен дел од здравиот живот и за општото физичко воспитување на младите;
  • Соработка со сите установи, институции и организации кои се грижат за зачувување на животната средина(јавни, стопански, научни, стручни, рекреативни и сл.);
  • Организирање симпозиуми, стручни советувања, тркалезни маси, летни школи и семинари кои ќе придонесат за развој на велосипедизмот и водењето на здрав живот;
  • Градење на велосипедски и мото-крос патеки за професионално и рекреативно возење;
  • Создавање на професионални-стручни кадри за развојот на велосипедизмот;
  • Учество на национални и меѓународни натпреварувања;Организирање на спортски икултурни и хуманитарни активности (трки, промоции, концерти, изложби и сл);

 

Првите успеси на клубот започнаа веднаш на првите трки на Водно, во Кичево, Маврово, Гази Баба, на Попова Шапка и др. Започна реализација на велосипедската трка на Манастирскиот комплекс „Св.Георгија“ која стана една од најпривлечните трки во Македонија и служи за одлична туристичка промоција на убавините на Ораовичкото манастирче.

Ацо Ристов заедно со управата на клубот секогаш водат грижа за здравјето на своите членови како и за снабдување со велосипеди, со професионална опрема и сите материјали за редовно одржување на нивните активности.

Благодарение на нивната организираност и упорност, на нивното конто се нанижаа државните стипендии „СПОРТСКА НАДЕЖ“ за млади велосипедисти од Агенцијата за млади и спорт, општинските награди за „Спортист на годината 2015“, „Спортист на годината 2017“ и „Спортска екипа на годината 2017“ и секако редовните годишни постигнувања преку Велосипедската федерација на Македонија стигајќи и до високото второ место на ниво на држава.

Во текот своето активно работење Велосипедскиот клуб спроведе неколку еколошки акции за чистење на зелени површини а велосипедистите беа дел од неколку општински манифестации за одбележување на значајни меѓународни настани како Неделата на спортот, Денот на Европа, Меѓународниот ден на мирот, потоа дел од Првомајските трки и др.

„Бел Камен Бајкс“ се доказ дека спојот на ентузијазмот и младоста од една страна и менаџерските способности и чисто поставените цели од друга страна, функционираат беспрекорно.

 

Ацо Ристов докажа дека има спортски дух и дека младите спортисти, ентузијастите и здравиот и рекреативен живот се негови приоритети и секогаш ќе ја имаат неговата поддршка.

 

ВК „Бел Камен Бајкс“

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 


 

 

 

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза