Трката за татко на градот почнува полека, секој кандидат ќе се труди што повеќе да се наметне кај избирачите и да ги придобие нивните гласови.
Ѕирнавме малку низ понудените проекти, многу од нив ги знаеме само како пуста желба, затоа што партиите ги ставаат во промет секогаш за време на избори, а потоа истите се забораваат, но ако ја зборуваме вистината има и новитети и конкретни проекти, вистина ретки, но сепак постојат.
Таков е проектот – Изградба на нов градски пазар во Радовиш.
Ова е проект со кој се нуди решение за долгогодишната голгота на земјоделците кои покрај тоа што со голем напор го произведуваат својот производ дополнително имаат проблем и со немањето достоинствени услови за пласирање и продавање на производите.
Но новиот градски пазар кои ги задоволува сите стандарди ќе биде на задоволство на сите. На производителите, продавачите, трговците и секако потрошувачите.
Проектот изгледа навистина велелепно!
ВИДЕО ОД ПРОЕКТОТ ЗА НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР
Реален и остварлив проект кој ќе ги реши проблемите на земјоделците, произведувачите и трговците, граѓаните на Радовиш го заслужуваат – вели кандидатот Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови