Нашиот сограѓаганин Борче Панов, којшто, во последно време, е еден од најпреведуваните македонски поети во светот, покрај другите значајни книжевни награди, стана носител и на светската книжевна награда САХИТО за 2021 година.
Наградата му била доделена од Одборот на судии за литература од Европа, Америка и Африка составен од шест судии од Турција, Италија, Шведска, РС Македонија, Чиле и Капе Верде (Република Зелен ’Рт), коишто одлучувале по 600 селектирани апликации со по 20 песни од секој поет од цел свет.
За оваа значајна светска поетска награда, Борче Панов вели:
„Честа е голема, бидејќи ја добивам како прворангиран поет во силна конкуренција од светски познати поети помеѓу кои се: Faleeha Hassan (Iraq-USA – номинирана за Пулицерова награда), Kupriyanov Viacheslav (Russia – еден од најголемите руски поети денес), Lidia Chiarelli, Mai Văn Phấn (Vietnam),), Wang Guilin (China) и други кои се книжевни ѕвезди во нивните земји, универзитетски професори, амабасадори на мирот, амбасадори на културата, основачи и раководни лица во разни светски литературни фондации и поетски движења и асоцијации, како и промотори на модерната интернационална поезија„