АКТИВНОСТ ЗА МЕРЕЊЕ НА ШЕЌЕР ВО КРВТА, ВО РАМКИ ЗА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО

Во рамки на активностите за превентивна здравствена заштита на населението, Општинската организација на Црвен крстРадовиш во соработка со Здружението на дијабетичари, спроведе активност за мерење на шеќер во крвта.

На пунктот на градското шеталиште, медицински персонал заедно со претставник од здружението на дијабетичари ги вршеа потребните мерења, а воедно даваа совети за правилна регулација на шеќерот во крвта.

Активноста е во рамки на здравствено-превентивната заштита на населението на која беа прегледани 90 лица од општина Радовиш.

 

Општинската организација на Црвен крст- Радовиш

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза