АЦО РИСТОВ” УБ15 СО ИНФРАСТРУКТУРНО РЕШЕНИЕ, ИЗГРАДБА НА УЛИЦА НАД „ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ БАТО“

Решавање на проблемите со кои се соочуваат жителите во УБ15, изградба на инфраструктура (водовод, канализација, улици), Изградба на улица над „Видое Смилевски Бато“ до пресек со ул.„Калаузлиска“ Koмплетен план со водоводна и канализациска инфрастуктура, се проекти кои ги промовираше кандидатот Ристов.

Изградба на локален пазар со мини спортски терени и хортикултурно уредување на просторот. Изградба на улицата над ул.„Видое Смилевски Бато“ до пресек со ул.„Калаузлиска“ Koмплетен план со водоводна и канализациска инфрастуктура. Покривање на повеќенаменското спортско игралиште со нов пристап. Решавање на атмосферските води и атмосферската канализација на ул.„Илија Алексов“. Изработка на детален урбанистички план за дел од МЗ „Куклевица“. Изградба на улица со бехатон, помеѓу ул.„Егејска“ и ул.„Драмска“. Изградба на сите тротоари во МЗ Kуклевица. (Ѓорче Петров, Вардарска, Бучимски бараки…). Изградба на инфраструктура во урбан блок 15 (водовод, канализација, улици) Уредување на дел од речно корито и изградба на улица по течение на Радовишка река Воведување на контењери за рециклиран одпад и канти за смет за секој дом – се дел од проектите кои ги нуди кандидатот за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата пред граѓаните.

 

Вашиот глас почитувани сограѓани го трасираше новиот пат по кој Радовиш и сите Ние ќе се движиме во иднина. Тоа е патот на просперитетот, изградба на објекти за вработување, инфраструктура, културно-забавен живот, спорт и рекреација.

Приклучете се и бидете дел од тимот кој ќе донесе успешна иднина во Радовиш. Jа имаме целта и го знаме патот до неа.  Имаме план за големи проекти кои ќе донесат нови вработувања и повисоки плати

Радовишани и правото да сами одлучуваат за својата иднина.  Со давањето на Вашиот глас на 31 октомври не задолжувате сите Нас избраните советници и мене лично, да ја продолжиме борбата, и со пожртвувана и несебична работа ги исполниме Вашите очекувања информираше за проектите од програмата кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Ацо Ристов.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза