Гласот даден за ВМРО-ДПМНЕ во привиот го трасираше новиот пат по кој Радовиш и сите Ние ќе се движиме во иднина.
Ние ќе обезбедиме бесплатен оброк за сите ученици од училиштата во општина Радовиш кои учат во одделенска настава, исто така за сите изнемоштени лица, социјални лица ќе обезбедиме бесплатен такси превоз до институциите каде што ќе имат потреба да отидат.
Радовишани сами одлучуваат за својата иднина. Останува на 31 октомври со масовното излегување и давањето на својот глас за градење на нова иднина, ќе не задолжите сите Нас избраните советници и мене лично, со пожртвувана и несебична работа да ги исполниме Вашите очекувања.
31 Октомври е денот кога сите заедно достоинствено ќе си ја земеме судбината во свои раце.
Приклучете се и бидете дел од тимот кој ќе донесе успешна иднина во Радовиш. Jа имаме целта и го знаме патот до неа. Имаме план за големи проекти кои ќе донесат нови вработувања и повисоки плати – вели во интервјуто кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Ацо Ристов.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови