Жителите од Покрајчево и Јаргулица упатија порака: “Задржете ги младите, барем тие кои останаа” при посетата и средбата со кандидатот за Градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
Тоа ни е основната цел на овие избори. Отварање на нови капацитети и нови работни места – истакна Ристов на средбата со граѓаните.
Јаргулица и Покрајчево, прекрасни соседни села под падините на Готен. За жал, нивните жители повеќе од триесет години чекаат нормален живот. Едноставно повеќе не сакат да слушат предизборни ветувања, сакаат работа. Единствена порака им е “Задржете ги младите, барем тие кои останаа”. Максимална поддршка на земјоделецот нудиме, ќе докажеме дека има надеж во овие мали места и во оваа парче земја, ние нудиме конкретни проекти кои ќе ја подобрат денешната, лоша слика за нашиот град и селата. Приклучете се и бидете дел од тимот кој ќе донесе успешна иднина во општина Радовиш. – истакна Ацо Ристов пред жителите од Јаргулица и Покрајчево.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови