ИЗВЛЕЧЕНИ ПАРОВИТЕ ЗА РАКОМЕТНИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА – РК РАДОВИШ ПРОТИВ РК АЛКАЛОИД

Во просториите на РФМ вчера се одржа извлекување на елиминационите парови во машка конкуренција и групите во женска конкуренција.

Во Куп натпреварувањето учествуваат вкупно 31 екипи: 12 екипи од Супер Машка Лига и 19 екипи од Прва Машка Лига. Екипата на РК Варадар 1961 како победник на купот 2020/2021 ќе биде слободна во елиминационото коло и ќе се вклучи во натпреварувањето во групна фаза и ќе биде сместена во 1-виот шешир.

Куп мажи – елиминации (парови):

РК Вардар 1961 – слободен

ГРК Борец – ГРК Тиквеш 2014

РК Работнички – РК Драчево

РК Пролет 62 – РК Кичево 2020

ГРК Охрид – РК Преспа 2015

РК Алкалоид – РК Радовиш

РК Скопје 2020 – РК Текстилец

РК Металург – РК Јехона

РК Аеродром – РК Младост 1977

РК Јуниор К.В – МРК Куманово

РК Македонија Ѓ.П – РК Струга

РК Бутел Скопје – РК Вардар Неготино

РК Астраион Хендбол – РК Прилеп

Голден Арт – РК Партизан 2016 Спорт

РК Шампион – РК Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер 2 – РК Метарлург РА

 

Натпреварите ќе се играат на 13/14.11.2021.

Екипите победници во елиминационите натпревари ќе бидат поделени во 4 сада за ждребање во 1/16 финале (групната фаза) според листата во Пропозициите за КУП натпреварувањето за 2021/2022 година која е направена според пласманот на екипите на полусезона за 2021/2022 година.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза