КАНДИДАТИТЕ ВО ТРКА ДА ГИ ОСВОЈАТ ГЛАСОВИТЕ-НЕПОЛНА НЕДЕЛА ДО ИЗБОРИТЕ

Партиите и кандидатите за градоначалници ги продолжуваат предизборните активности во обид да ги освојат гласовите на граѓаните. Во предизборните ветувања се асфалтирање на улици, реконструкции и изградба на градинки, училишта и спортски сали, а се најавува и дигитализација на услугите што ги нуди општината и целосна отвореност кон граѓаните.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера им порача на идните градоначалници да му служат на народот, а не да владеат со него, да бидат отворени за граѓаните и внимателно да ги слушаат нивните проблеми.

Според него, исклучително е важно какви луѓе ќе ги водат општините и какви програми ќе се реализираат во следниот четиригодишен период. Иако се реализирани доста проекти, смета дека има уште многу работа на локално ниво.

Лидерот наВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека власта ги изневерила очекувањата на граѓаните.

– Не се реализирани ветувањата и немаат допир со реалноста во каква апатија се наоѓаат граѓаните, рече Мицкоски, повикувајќи на масовна излезност на денот на изборите. 

Тие, рече Мицкоски, не може да купат толку гласови колку што народот може да излезе и да им ја запечати судбината зад параванот. Не наседнувајте ниту на оние странични пораки кои ги пуштаат преку нивните платени мегафони дека сите сме исти, кога не сме.

Предизборните активности продолжуваат и денес. Коалицијата предводена од СДСМ ќе одржи Кратово, Ранковце и Крива Паланка, додека коалицијата преводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинг во Скопје. Во Скопје митинг ќе одржи и „Левица”, а коалицијата ДОМ и ЛДП ќе се претстават во Ѓорче Петров. Предизборната програма во Желино ќе ја претстави „Беса”.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза