КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА НЕОБЈАВЕНА ПОЕТСКА КНИГА „КАРАМАНОВ 2021″

Центар за култура „Ацо Караманов„ Радовиш и Советот на 48 Караманови средби го распишаа Конкурсот за најдобра необјавена поетска книга и доделување на наградата „Караманов 2021″.

Конкурсот трае до 10 Ноември 2021 година, а може да учествуваат автори од Македонија и од останатите балкански земји што пишуваат на македонски јазик.

Ракописите не треба да бидат подолги од 64 страници или четири табаци, а се бара да бидат доставени под шифра на адреса ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш, ул. „22 Октомври“ б.б.Радовиш.

Ракописите може да се доставуваат и во електронска форма потпишани со шифра, а со посебен маил да дадат и одговор на шифрата на адреса [email protected]

На наградениот автор за награда ќе му биде објавeна книга со неговиот награден ракопис и ќе добие статуетка која го преставува Ацо Караманов.

 

Линкот од објавениот конкурс за најдобра необјавена поетска книга „Караманов 2021“


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза