СИЛАТА Е ВО ЕДИНСТВОТО, ЕДИНСТВОТО Е ВО НАРОДОТ!

Силата е во единството, единството е во народот.Покажавме и докажавме дека заедно можеме да ги поминеме сите препреки.Битката продолжува но кога знаеш дека народот е на твоја страна таа ќе се води до крај,до конечна победа на светлината над темнината.

Во текот на изборниот ден се случи обединување кое беше потребно на нашата општина на нашата Македонија. Голема благодарност. Народот јасно ја покажа неговата моќ, сила  знаење и способност да препознае.Жителите на општина Радовиш покажаа дека се на вистинската страна, на страната на чесноста искреноста. Ни ја дадоа довербата нам на ВМРО ДПМНЕ.Големата победа е заедничка но обврската што ни ја дадовте вчера е само наша и нема никогаш да ве разочараме сите и тие што не поддржаа и тие што не не поддржаа,тие што не гласаа но и тие што се разочарани. Благодарност на сите,верувајте пораката е разбрана. Продолжуваме да чекориме понатаму но заедно го зададовме првиот удар ќе го зададеме и конечниот бидејќи сме заедно со вас.Нема време за ефорија и славење продолжуваме со работа и со решавање на вашите проблеми – истакна во своето интервју Д-р. Моника Ристевска, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза