НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ НЕМА ПОДОЛГИ ЗАДРЖУВАЊА ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од таму.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза