ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ОД ДЕНЕСКА

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемија 2,00 ден./литар, а малопродажните цени на „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија 2,50 ден./литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 1,630 денар/килограм, и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден./кг.

Од 13.10.2021 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 67,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 42,761 (денара/килограм)

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза