ПО ПОВОД ЕВРОПСКИОТ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТРГОВИЈА СО ЛУЃЕ ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Едукативно предавање за учениците од ООУ „Никола Карев“ по повод Европскиот ден за борба против трговија со луѓе

Општинската организација на Црвен крст Радовиш со едукативно предавање за трговија со луѓе наменето за учениците од ООУ „Никола Карев“ го одбележа 18 Октомври, Европскиот ден за борба против трговија со луѓе.

На предавањето присутните се запознаа со облиците, начини на препознавање и заштита од трговијата со луѓе, како загрозена група изложена на ризик од ваков вид на криминал.

Предавањето го спроведе Стојанчо Митев униформиран полициски службеник водич на безбедносен реон и инспектор Александар Митев од ПС Радовиш.

Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои младите можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита.

 

Општинската организација на Црвен крст Радовиш

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза