АЦО РИСТОВ ВО ПОДАРЕШ СО ГРАЃАНИТЕ -ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА

Време е да се обединиме за нашата заедничка иднина во Радовиш.

Секое место, секој граѓанин заслужува почит, новите правила за развој на Радовиш ке бидат поставени од самите граѓани. Вие сте тие кои ќе одлучувате што е приоритет и кога треба да се реализира. Во нашата Програма ви нудиме конкретни проекти со кои директно ќе го подобриме животот на сите граѓани. Со проектот „Развиена индустрија – развиен град“ ќе обезбедиме  инфраструктура за сите потенцијални инвеститори. Земјоделството и аграрната политика се зацртани како еден од главните приоритети на ВМРО ДПМНЕ, која како народна партија своите политики ги заснова на традицијата и вредностите на македонскиот човек. Нашите различности ќе ги сплотиме како заедничко богатство и предност. Должноста Градоначалник е должност во која, за успех мора ги имаш вистинските луѓе – професионалци. Се што се прави заедно има голема вредност – таа вредност е Радовиш. Во постигнувањето на нашата цел ќе ги обединиме сите нови прогресивни сили, нови ентузијасти, нова интелигенција – истакна во својот говор Кандидатот за Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ацо Ристов.

Свое обраќање пред жителите на оваа населено место имаше и носителот на советничката листа Д-р. Моника Ристевска која истакна дека целта е „модерно село – модерна општина“, на овие локални избори влегуваме со чисто срце подготвени за многу работа и конкретни резултати, мотивирани да создадеме нова иднина, со заокружување на бројот 7, одиме кон Нова иднина за Подареш – истакна Ристевска.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза