РИСТОВ: РАДОВИШАНИ ЈА ПРЕПОЗНАА ШАНСАТА СО МАСОВНОТО ИЗЛЕГУВАЊЕ И ДАВАЊЕТО НА СВОЈОТ ГЛАС ЗА ГРАДЕЊЕ НА НОВА ИДНИНА

Дозволете во мое лично име и во име на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ за обнова на Македонија, најпрво да Ви се заблагодарам на подршката која во текот на изборниот ден Ни ја дадовте давајќи го својот глас за градење на нова иднина.

Вашиот глас беше силен и недвосмислен. Вашиот глас го трасираше новиот пат по кој Радовиш и сите Ние ќе се движиме во иднина. Тоа е патот на просперитетот, изградба на објекти за вработување, инфраструктура, културно-забавен живот, спорт и рекреација. Тоа е патот по кој ќе чокорат многу генераци кои преку остварување на своите амбиции ќе го градат Радовиш поубав, пофункционален и Европски. Иако се декларираа дека ќе спровдат фер и демократски избори, изгледа го имаат пропуштено тој час уште во основното образование.

Деновиве бевме сведоци на органзиран инжинеринг од страна на централната власт која со притисоци и организиран поткуп се обиде да и ја одземе слободата на Радовишани и правото да сами одлучуваат за својата иднина. Но и покрај сите недемократски мерки Радовишани ја препознаа шансата и со масовното излегување и давањето на својот глас за градење на нова иднина, јасно и порачаа на сите мрачни сили дека се цврсто решени овој пат да застанат на страната на правдата, демократијата и слободата. Со давањето на Вашиот глас Не задолживте сите Нас избраните советници и мене лично, да ја продолжиме борбата, и со пожртвувана и несебична работа ги исполниме Вашите очекувања. Но за да може оваа сето да го реализираме ни престои уште една битка која поради околностите на изборните правила ќе се случи на 31 Октомври. Тоа ќе биде денот кога сите заедно достоинствено ќе си ја земеме судбината во свои раце за да донесеме нов ветар во едрата на бродот кој ќе заплови кон иднината, оставајќи и на историјата да и суди на сите оние кои продавајќи го сопствениот народ за грст сребреници станаа слуги на злото. Бидете живи и здрави.– вели во интервјуто кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Ацо Ристов.

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза