РИСТОВ: СОЗДАВАМЕ НОВА ИДНИНА – РАДОВИШ ЌЕ ДОБИЕ НОВ РЕКРЕАТИВЕН, СПОРТСКИ ЗАБАВЕН ПАРК

Кандидатот за градоначалник на Радовиш од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Ристов, најави проект за изградба на рекреативно-спортски, културен и забавен парк.

Како што истакнува Ристов, тоа е проблем што со години ги мачи радовишани, затоа што нема каде да си ги остварат своите потреби од спорт, рекреација, култура, дружење.

Овој проблем во последниве 20 дена беше добро анализиран и ние решивме да го претвориме во проект.

Проектот ќе биде капитален, ќе подразбира пред се урбанизација на целото подрачје од крајот на мостот до Канлиевата воденица. Ќе се створи една нова урбана населба во која што граѓаните ќе најдат ново место за живеење. И тоа место за живеење е со сите атрибути на современото живеење. А, тоа значи изградени улици покрај кејот на реката Радовишка река до Канлиевата воденица. Две улици со пешачки патеки, со велосипедски патеки.

Овој објект ќе биде од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот во Радовиш. Да, тој ќе биде капитален објект за тоа што ќе подразбира пред се зафаќање на водите на Радовишката река кои што води после ќе бидат урбанизирани, ќе бидат канализирани во една река која што секој ден ќе го украсува течението на Радовишката река.

После зафаќањето на водите ќе почне урбанизацијата, уредувањето на речното корито. Работите мораат да имаат логика, работите мора да бидат инженерски поставени – истакна Ристов.

Тој порача дека тој и неговиот тим се подготвени да го направиат тоа и дека тој е решен во својот мандат тоа да го реши и Радовиш конечно засекогаш да добие урбано место каде што ќе се забавуваат луѓето и каде што квалитетот на животот нема да го бараат на друго место, туку ќе го бараат во Радовиш.

Радовиш ќе биде горд на својот парк, за тоа што тој ќе биде најсовремен во целиот регион на Источна Македонија.

Се надевам дека и вие сте на истото мислење и дека ќе дадете поддршка ова да го реализираме.

Немојте да мислите дека ова се луѓе кои што не знаат да го направат. Ова не е научна фантастика, ова е реалниот свет.

Луѓето мора да се движат напред, да го заборават минатото во кое што се вртевме сите во место – порача Ристов.


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза