ТУРСКАТА ПАРТИЈА СО ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ АЦО РИСТОВ

Вистински кандидат кој ги обединува и системски ке ги интегрира сите националности во Радовиш е Ацо Ристов.  Свое поздравно обраќање упати претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија, Г-дин Ердоган Сарач кој ги повика сите турци во општина Радовиш да му дадат поддршка на кандидатот Ацо Ристов.

 „За Радовиш потребна е многу поинтензивна интеграција на сите националности во севкупниот јавен и деловен живот. Во сферата на вработувањето и развојот на малите бизниси, во сферите на образованието, културата, спортот како и во сферата на екологијата и животната средина – Ацо Ристов и Советничката листа имаат конкретна разработена програма за сите граѓани. Ацо Ристов е човекот кој точно знае во која насока треба да се движи мултиетничката интеграција и како успешно да продолжи традиционалниот соживот во Радовиш. Поддршка за бројот 7. Поддршка за Ацо Ристов – се вели во обраќањето на Ердоган Сарач.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза