ДЕНЕСКА COНЧЕВО CO МAЛA УМEPEНA OБЛAЧНOCТ, ВИКEНДОВ МОЖНОСТ ЗА ДOЖД И НИСКИ ТEМПEPAТYPИ

До петок ќе се задржи стабилно и потопло време. По одделни котлини и речни долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, особено во четврток. За време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе биде во опаѓање, особено од недела.

Денес претежно сончево, претпладне во јужните делови со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утре ќе има појава на магла и ниска облачност по одделни котлини и речни долини. Преку денот сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

 

УХМР


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза