ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА 2021

 И оваа година, по четврти пат се одржа Литературната манифестација “Пролет на сребрените соништа”, Радовиш 2021.

Завршниот настан закажан за 9.10.2021 се одржа во ЦК “Ацо Караманов”, каде што На сцената, наградените ученици ги прочитаа своите поетски творби.

Учениците и менторите беа наградени со книги кои ги обезбеди “”Просветно дело”, добија и дипломи за ” најдобра песна” од Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија.

Ликовниот уметник Живко Поповски Цветин, за наградените ученици и ментори изработи картички со ” цвеќето на мирот”. Покрај доделувањето на наградите, публиката во салата го проследија Перформансот: ,,Караманов и Конески – инспирација за уметничка интерпретација” (книжевно-музички и ликовно-интерпретативен перформанс) во реализација на АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ-Штип.

Исто така за време на завршниот настап се одвиваше и ликовна работилница под менторство на ликовниот уметник Анастасија Петрова од Академија Еуроарт – Штип.

Како дел од програмата се реализираше и интерактивно интервју со писателката за деца Ксенија Трајчева Маказлиева во која таа одговарајќи на поставените прашања на присутните им ја доближи нејзината најнова книга ” Борко Брзозборко” Свој осврт на книгата направија д-р Милена Ристова Михајливска и Гордана Здравкоска.

Оргранизациониот оддбор упатува благодарност до поддржувачите на Манифестацијата: Општина Радовиш. Просветно дело- АД Скопје Колид Колешино, Алфа Инженеринг Се гледаме наскоро на петтата ” Пролет”, да се надеваме во април.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза