РАДОВИШ ЌЕ ГО НАПРАВИМЕ МЕСТО КОЕШТО СИТЕ ЌЕ САКААТ ДА ГО ПОСЕТАТ – ИСТАКНА АЦО РИСТОВ

Синоќа пред радовишани се обрати кандидатот за градоначалник, Ацо Ристов. Тој ја изрази својата благодарност до сите што во првиот круг во голем број ја покажале слободната волја и ја дале поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и рече дека е убеден на уште поголема поддршка во вториот круг.

– За овој дел од Радовиш разговаравме многу и јас лично со мојот тим во наредните четири години ќе го направиме место кое сите ќе сакаат да дојдат и да го посетат. Почнувајќи од зафатот на Радовишка река, преку планираниот парк за забава, паркот за млади, паркот за возрасни, со уредување на реката, со донесување на ДУП од двете страни на реката од овде па до Канлива воденица ќе добиеме една убава и урбана средина во која што сите радовишани ќе сакаат да живеат и ќе покажеме како изгледа современо живење за сите, – рече Ристов.

Ристов рече дека тука не застануваат и дека ќе почне и уредувањето на речното корито и ќе ја уреди реката за повеќе да не ги поплавува радовишани. Ристов кажа дека на пат е голема победа во Радовиш а со тоа и многу проекти и ги повика граѓаните да дадат поддршка и во вториот круг за заедно да изградат една поубава општина Радовиш.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза