ЗАРАДИ ИЗБОРИТЕ, ЛИЧНИ КАРТИ ЌЕ СЕ ИЗДАВААТ И ВО САБОТА И ВО НЕДЕЛА

Претстојните локални избори покажаа дека долколку сака, државната администрација може да се престрои и да биде вистински сервис на граѓаните. Па така, сакајќи да им илезат пресрет на гласачите за да можат да го остварат своето граѓанско право, службите надлежни за издавање лични карти ќе работат и во сабота и во недела.

Преку соопштение испратено до јавноста, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври, Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10., сабота, ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08 до 16 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ во сабота, 16 октомври, ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08 до 16 часот.

Во недела, пак, на 17.10., сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07 до 19 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево), информираат од МВР.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза