ДОБИВМЕ „ЖОЛТ КАРТОН“ ОД ГРАЃАНИТЕ, ОД ОВОЈ МОМЕНТ СДСМ ПОСТАПУВА ПО НАСОКАТА КОЈА ЈА ДАДЕ НАРОДОТ

Претседателот на СДСМ,  Заев: СДСМ учи, се менува и ги поправа сопствените грешки за да обезбеди брз напредок на државата и подобар живот за граѓаните. Ова е демократска, отворена, приземјена политичка опција која се коригира и која се менува после критика.
Првата порака до моите партиски другари, е дека добивме „жолт картон“ од граѓаните, од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас зависи дали тој ќе стане црвен, за секој од нас и за сите нас. Почитувани граѓани, со чист образ сакам да побарам од вас да дадете шанса за земјата и општеството да продолжат да се движат кон иднината, наместо да се враќаат кон минатото.

Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Во име на се што постигнавме досега сакам да пратам јасна порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад, истакна на денешната прес-конференција премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Не од следниот мандат, не после локалните избори, не од наредниот понеделник. Сега. Од овој момент. Од овој момент, СДСМ постапува по насоката која ја даде народот и СДСМ се менува. Да се обединиме, државата може да оди напред само ако и Скопје влече напред. Да излеземе и да гласаме за нашите села и градови, за нашата земја, да продолжат да се движат напред.

 

Прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев

https://www.youtube.com/watch?v=GFZbQ-PndaY&t=2s&ab_channel=SDSMtube

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза