РАДОВИШАНИ СЕ НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА, РАДОВИШАНИ ЗАСЛУЖУВААТ ПОДОБРА ИДНИНА!-истакна Ацо Ристов на митингот во Радовиш

Радовишани се на вистинската страна, радовишани заслужуваат подобра иднина!, Ние имаме поинаков пристап и поразлична понуда за сите вас, ние имаме јасно дефинирана цел. Тоа е: развиен, напреден, добро уреден, и посакуван Радовиш, точно и прецизно го знаме патот до неа. Време е да се обединиме за нашата заедничка иднина во Радовиш, Радовиш е град на сите граѓани. Секое место, секој граѓанин заслужува почит. Новите правила за развој на Радовиш ке бидат поставени од самите граѓани. Вие сте тие кои ќе одлучувате што е приоритет и кога треба да се реализира. Ние ви нудиме конкретни проекти кои ќе ја подобрат денешната, лоша слика за нашиот град. Приклучете се и бидете дел од тимот кој ќе донесе успешна иднина во Радовиш – истакна Ацо Ристов, кандидат за Градоначалник на Радовиш на вчерашниот Митинг и промоција на програматата За Радовиш на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Радовиш порача дека големите одлуки зависат од народот, повикувајќи да излезат и да покажат дека се за иднина која заедно ќе ја создадат.

Драги радовишани затоа излезете на овие избори и гласајте. Затоа што ако не излезете и не гласате, тогаш ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете дома, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти да се биде гласен. Нашиот народ знаел да биде гласен многу пати во минатото, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски истакна дека овие избори се шанса за промени и нова иднина на тивкото мнозинство.

 

Овие избори се шанса за промени, за подобро утре. Шансата е пред нас за да се променат работите. Излезете и покажете дали сте за иднина која заедно ќе ја создаваме или навистина се чувствувате подобро и најдобро како што велат овие, вели Микцоки.

Шансата е во вашиот глас. Вашиот глас е вашата пркост. Вашето НЕ за тоа да крадат и печалат на вашиот грб. Вашето ДА за иднина. Овие избори се шанса да се изборите за повеќе да се чуе вашиот глас. Изборите се шанса за тивкото мнозинство. Вие пристојните луѓе на кои ви е преку глава да бидете прескокнувани, омаловажувани, тргани на страна за кои имате став за работите, а не ве прашуваат, да не дозволиме апсолутна власт во рацете на човек кој ја злоупотребува таа власт. Време е за промени и шанса за нова иднина. Време е за гласот на тивкото мнозинство, затоа излезете на 17ти октомври и заокружете го бројот 7, за нов градоначалник на Радовиш, за нова победничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, вели Мицкоски.

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза