СЛЕДУВА ПЕРИОД НА ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, СО ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и постудено. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Под влијание на влажна воздушна маса од утре следува период на претежно облачно време, преку денот значително посвежо, со врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите повремено ќе бидат пообилни со пороен карактер кога локално ќе наврнат и над 30 л/м2 за 24 часа, а ќе бидат проследени со повремено засилен ветер. Дневните температури насекаде ќе опаднат од 10 до 12 степени.

 

Утре ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Во западните и југозападните делови на места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 л/м2), проследени со повремено засилен југоисточен ветер.

 

УХМР

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза