ВО РАДОВИШКО ФАРМЕРИТЕ МОЖАТ ДА КОРИСТАТ УСЛУГИ ТРИ АГРОМЕТЕОРОЛОШКИ СТАНИЦИ

За да го зголемат производството и родот, на професионалните земјоделците се повеќе им требаат стручни совети и навремени информаци климатските услови. Специјализирани агрометеоролошки станици обзбедени преку Швајцарската Агенција за развој функционираат во неколку општини во државава. Ги известуват фармерите, какво време да очекуваат и постои ли опасност појава на болести и штетници.

Агрометеоролошките станици ги мерат температурата и влажноста на воздухот и на почвата, брзината и правецот на ветерот, количиествата на врнежите, сончевата радијација и влажноста на листовите на растенијата. Има и веб страница преку која земјоделците добиваат информации за можноста за појава на болести и штетници кај растенијата како резултат на временските услови.

Намената на оваа опрема е да собира податоци и телефонски, преку мобилна апликација, да ги информира земјоделците за временската прогноза и да им испраќа предупредувања во случај на појава на болест кај одредена замјоделска култура.

Фармерите можат да користат услуги од вкупно 23 агрометеоролошки станици. Од во општините Струмица, Гевгелија, Радовиш и Валандово има по три, Василево, Босилово, Ново Село, Богданци и Конче по две, а општина Дојран една станица.

Повеќе од 1.000 фармери ја користат и веб страницата, а над 3.000 мобилната апликација преку телефон. Проектот е финансиран од средствата за инвестициски проекти на планските региони и од Швајцарската Агенција за развој.

 

МРТ 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза