ДЕНЕШЕН ДЕН 10 НОЕМВРИ …

– Светски младински ден

– Светски ден на науката

1444.- Во битката кај Варна, Бугарија, силите на турскиот султан Мурат II ја победија полско-унгарската војска на полскиот крал Владислав Јаѓел III, кој загина во битката.

1483.- Роден е Мартин Лутер, свештеник и професор по теологија, основач на протестантизмот и водач на реформацијата во Германија. По барањето за реформа на црквата во 1517 година, тој е екскомунициран од црквата, неговото движење се прошири низ Германија и прерасна во широко народно движење против папската власт и против феудалното уредување. Кога реформацијата доведе до селанската војна против феудализмот во 1525 година, тој беше на страна на феудалците. Умре на 18 февруари 1546 година.

1493.- Роден е швајцарскиот алхемичар и лекар Теофраст Бомбаст фон Хоенхајм, познат како Филип Ауреол Парацелзус, пишувач на медицински дела, кој многу придонесе за примена на хемијата во медицината. Фон Хоенхамјм ја основа „јатрохемија“, нешто како денешната хемотерапија. Прв почна да користи сумпор како лек, арсеник, опијум, живини соли, олово, железо и бакар и да применува лековити капења со соли.

1668.- Роден е францускиот композитор и оргуљаш Франсоа Купрен, централна личност во музичкиот живот на Париз во почетокот на 18. век.

1697.- Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен цртач на портрети и физиономии.

1759.- Роден е Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Автор е на драмите „Интрига и љубов“, „Разбојници“, „Дон Карлос“, „Вилием Тел“, „Јованка Орлеанка“ и на други дела. Умре во Вајмар, на 9 мај 1805 година.

1796.- Умре руската царица Катарина II Алексејевна, наречена Катарина Велика. Владееше цврсто од 1762 година. Во духот на просветниот апсолутизам и под влијание на француски филозофи и идејата за просвета, отвори школи. Им помагаше на науката и уметноста, ја модернизираше администрацијата и судството, ги среди финансиите, ја укина тортурата, смртната казна ја замени со прогонство во Сибир. Успешно војуваше против Полска и Турција и кон Русија ги припои Казахстан, Грузија, Ерменија, Камчатка, Крив, дел од Бесарабија (Молдавија) и голем дел од Украина, Белорусија и Полска.

1891.- Во Марсеј умре Артур Рембо, француски поет. Уште како млад стана славен, а на 17 години ја напиша познатата поема „Пијаниот брод“. Во дваесеттите години престана да пишува, минувајќи низ литературата како „метеор“, а оставајќи во наследство дело што го навести симболизмот и надреализмот. Роден е на 20 октомври 1854 година.

1894.- Француските колонијални трупи го започнаа освојувањето на Мадагаскар. Овој остров источно од Африка, во Индискиот Океан, стана француска колонија во 1896 година. По Втората светска војна избувна народно востание против колонијалните власти, а барањето за независност е повторено во 1957 година. Мадагаскар е независна држава од 26 јуни 1960 година.

1919.- Роден е рускиот инженер Михаил Тимофејевич Калашњиков, конструктор на најдобрата автоматска пушка на 20. век АК-47, наречена според неговото презиме „калашњиков“.

1925.- Во Пантрихидифен, во Јужен Велс, е роден Ричард Волтер Џинкинс Бартон, прочуен британски театарски и филмски артист, великан на седмата уметност. Умре во Женева, на 4 август 1984 година.

1928.- Регент Хирохито е крунисан за цар на Јапонија.

1931.- Во Скопје е роден Тома Прошев, македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Познати се неговите опери “Пајажина”, “Малиот принц” и “Аретеј”, како и многу други дела. Умре во Загреб, на 12 септември 1996 година.

1938.- Во Истанбул умре Мустафа Кемал-паша, наречен Ататурк-татко на Турците, турски револуционер, маршал и државник. Изврши значајни реформи во земјата, прокламирајќи еднаквост на сите граѓани, ги забрани фесот, зарот и фереџето, ја воведе латиницата наместо арапското писмо и друго. Роден е во Солун, во 1880 година.

1943.- Германските власти во Втората светска војна, заради полесно управување со окупираната територија, воспоставија квислиншка „народна управа“ во Црна Гора.

1944.- Откриено е дека нацистичка Германија во Втората светска војна против Велика Британија употребувала ново оружје  – ракетите „Fau-2“.

1944.- Во Прилеп е основано Здружение на ликовните уметници. За претседател на здружението беше избран Никола Мартиновски.

1964.- Во поплавите во централниот дел на Јужен Виетнам загинаа околу 10.000 лица.

1968.- Кај Ерџелија, Светиниколско, умре Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Најпознати негови дела се “Растрел”, “Бегалци”, “Блокада”, “Луѓе и птици”, “Солунските атентатори” и други. Автор е на сценаријата на филмовите “Солунските атентатори”, “Под исто небо”, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите “Мементо” и “Републиката во пламен”. Роден е во Скопје, на 25 декември 1920 година.

1973.- Државниот секретар на САД Хенри Кисинџер допатува во Пекинг за да им пренесе на кинеските лидери дека САД одлучиле да ги нормализираат односите со Кина.

1975.- Владите на Југославија и на Италија го потпишаа Осмиот договор за дефинитивно решавање на граничните и другите прашања меѓу овие две земји.

1975.- Прогласена е независноста на Ангола, држава во југозападниот дел на Африка, на брегот на Атлантскиот Океан. Беше португалска колонија пет века.

1982.- Умре рускиот државник Леонид Иљич Брежњев, генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија и претседател на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз, кој на власт дојде во 1964 година на местото на Никита Хручов каде остана се до смртта. Придонесе во воспоставувањето дијалог со САД по долгиот период на ладни односи меѓу двете земји.

1989.- Генералниот секретар на Комунистичката партија на Бугарија Тодор Живков по 35 години на чело на владејачката партија поднесе оставка, а го замени Петар Младенов. По седум дена откако ја поднесе оставката, беше сменет и од функцијата претседател на Државниот совет на Бугарија, кого исто така го наследи Младенов, а набрзо потоа беше исклучен и од партијата.

1990.- Водачот на социјалистите Чандер Шекар стана премиер на Индија.

1994.- Парламентот и владејачкиот Совет на револуционерната команда на Ирак, со кој претседаваше Садам Хусеин го призна суверенитетот и територијалниот интегритет на Кувајт во согласност со резолуцијата 833 на ООН.

1994.- Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации “Еурека 94”, на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост.

1995.- Нигерискиот воен режим обеси деветмина активисти за човекови права, вклучувајќи го и Кен Саро Вив, водач на племето Огони. Тоа предизвика незадоволство посебно во некои африкански земји, но Запад се задоволи главно со вербалните осуди – поради интересот на компаниите кои во Нигерија ја експлоатираа нафтата и гасот.

1997.- Претседателите на Русија и Кина, Борис Елцин и Џанг Цермин ја потпишаа декларацијата со која заврши долгогодишниот пограничен спор меѓу двете држави.

2000.- СР Југославија стана полноправна членка на ОБСЕ.

2003.- Умре зимбабвскиот државник Кенан Банана, прв претседател на независна Зимбабве. Беше претседател од 1980 до 1987 година, кога функцијата му ја препушти на премиерот Роберт Мугабе кој и дотогаш раководеше со земјата.

2007.- Умре Норман Мајлер, американски книжевник. Автор е на бестселерот „Голи и мртви“, роман со кој ја стекна меѓународната слава. Двапати e добитник на Пулицеровата награда.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза