СЕДНИЦА ЗА ГЛАСАЊЕ ДОВЕРБА НА ВЛАДА. ДАЛИ ЌЕ ИМА НОВОТО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО?

Собранието на Република Македонија денеска во 11 часот, како што е најавено, треба да ја почне седницата за доверба на Влада. Новото парламентарно мнозинство, договорено во минатиот петокот од опозициските партии ВМРО ДПМНЕ и Левица и Алијанса за Албанците и Алтернатива, со помош на пратениците од владејачкото Движење Беса поднесоа предлог за доверба на владата.

Опозицијата обезбеди 61 глас, како што најавија против кабинетот на Заев, тогаш Владата е должна да даде оставка во рок од 24 часа, по што би почнал да тече рокот од 10 дена во кои претседателот Стево Пендаровски треба да го даде мандатот за составување нова влада на партијата или партиите кои ќе потврдат дека имаат најмалку 61 пратеник во Собранието. Досегашната Влада, пак, ќе остане на должноста до избор на нов кабинет. Доколку, пак, опозицијата не успее да ја урне Владата на СДСМ и на ДУИ, тогаш во наредните 90 дена нема да може да се поставува ново прашање за доверба на Владата, освен ако иницијатива за тоа поднесе најмалку 61 пратеник.

Заев на 31 октомври најави дека ќе поднесе оставка од двете функции поради поразот на локалните избори. На седницата на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ во вторникот, била донесена едногласна одлука тој да ги одложи оставките. Последните парламентарни избори се одржаа лани, по што СДСМ заедно со ДУИ ја формираа втората заедничка влада.

 

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза