„TREEBANKS“ – акција за пошумување во Радовиш

Утре масовно да дадеме поддршка на проектот „TREEBANKS“ кој е вистински пример за хуманитарна и општествено одговорна работа кој сериозно го подобрува квалитетот на животната средина во нашата општина.
 
Неговите активисти во соработка со ЕЛС општина Радовиш, ЈП „Македонски Шуми“ и ОО „Црвен Крст“ – Радовиш, денес ја започнаа акцијата за пошумување односно садење на дрвца на неколку локации во околината на Радовиш.
 
За утре – Сабота и Недела се планира акцијата да биде масовна и токму за таа цел упатуваме апел до сите граѓани да се вклучат максимално во оваа акција.
 

Тимот на Treebanks Започна акцијата за пошумување во Радовиш. Во прилог корисни информации за сите што ќе дојдат да волонтираат.

Распоред:
Петок (19.11.2021): 11:00 – 16:00
Сабота (20.11.2021): 10:00 – 16:00
Недела (21.11.2021): 10:00 – 16:00
Локација:
ул. Калаузлиска (патот Радовиш – Плачковица)
Од десната страна на патот ќе има пункт од Црвен Крст – Радовиш и патокази до локациите за пошумување.

Временската прогноза е сончево до умерено облачно за трите денови додека ќе трае пошумувањето. Пожелна е топла облека во повеќе слоеви, капа за заштита од ветар сонце и планинарски обувки.

Пошумувањето ќе се врши на претходно избразеден терен. Сите учесници е пожелно да имаат работнички ракавици. На пунктот на Црвен Крст ќе има обични хируршки ракавици.

Доколку сте во можност донесете сопствен алат мотика.

 

На пунктот на Црвен Крст ќе има благи закуски, топол чај и топла ракија.

Сите пријавени ќе го добијат ова известување на меил.

 

За било какви прашање слободно контактирајте не преку фејзбук месенџер.

Ви посакуваме успешно садење.

 

Со почит,
Тимот на Treebanks

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза