Извршено примопредавање на функцијата Градоначалник од страна на претходниот Герасим Конзулов на новоизбраниот Ацо Ристов.
Денеска во кабинетот на Градоначалникот на општина Радовиш беше извршено примопредавање на функцијата Градоначалник. Оваа процедура денес беше формална, поради оправдано отсуството изминатите денови на Конзулов.
Во пријатна атмосфера Конзулов му посака успешна работа со цел подобрување на животот на граѓаните на општина Радовиш.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови