Денеска се одржа првата конститутивна седница на советот на Општина Радовиш на која беа верифицирани мандатите на избраните членови на советот.
На оваа седница е избран и новиот претседател на Советот на Општина Радовиш, Моника Ристевска.
-И честитам за изборот на Моника Ристевска за изборот Претседател на Советот. На новиот Совет и советниците им посакувам успешна работа. Се надевам на одлична соработка и дека заедно ќе реализираме многу проекти за доброто на граѓаните на Општина Радовиш – истакна градоначалникот Ацо Ристов.
Најпрвин следуваше верификацијата на мандатите на новоизбраните членови како и изборот на кандидационата комисија која ги даде предлозите за нов претседател на Советот.
Моника Ристевска за нов претседател на Советот на општина Радовиш со 11 гласа “за” .
Следуваше потпишувањето на Изјавите за правата и должностите за член на Советот и на крајот беа избрани Комисијата за мандатни прашања како и членовите кои ќе учествуваат во склучување на бракови.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови