БРЗИ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ ЗА СПАС НА ДРЖАВАТА

Брзи предвремени избори за спас на државата бара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека е неопходна оставка на целиот владин кабинет, а не само на премиерот Заев. Новото парламентарно мнозинство кое го најавуваше пред изборите, Мицкоски вели дека нема да ја донесе неопходната енергија за реформите. Брзите избори сепак би се организирале во договор со ДИК и почитување на законските одредби за 100 дена техничка Влада.

-Ако Владата направи ваков потег и ја одбие подадената рака за брзи избори, тоа значи дека целокупното неуспешно функционирање, енергетската криза која тропа пред порти, надоаѓачкиот нов ковид-бран, катастрофата во образованието, жестокиот пад на економијата… ќе бидат исклучиво одговорност на Владата“, вели Мицкоски.

Барањето за брзи избори Мицкоски смета дека е логичен потег по изборните резултати. Вели дека ова е подадена рака од опозиција, иако е свесен за лошата состојба во која се наоѓа државата.

Преку писмено соопштение реагираше владејачката сдсм од каде велат дека сега не е време за предвремени избори .

Мицкоски до пред три дена ја лажеше јавноста дека има ново мнозинство, а денеска јавноста ја гледа вистината.

Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.

Во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори.

По прес конференција на Мицкоски, реагираше и Алијанса за Албанците од каде велат дека со ДУИ на власт не може да има слободни избори

-Оваа Влада, во последните циклуси докажа дека нема ниту капацитет ниту подготвеност за слободни, фер и демократски избори. Не можеме да зборуваме за демократија кога целата држава е ставена во служба на владејачките партии, граѓаните се загрозени и уценувани, додека гласовите се купуваат и крадат, посочуваат од партијата на Села.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза