НЕДЕЛА НА ГРИЖА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

Современиот свет е во процес на демографска транзиција, не само во поглед на забавување на порастот на населението, туку и неговата структура е во фаза на менување поради намалување на учеството на младите и зголемување на старите лица. Како и во другите земји, и во  Македонија бројот на старото население расте, а се очекува тој тренд во иднина уште повеќе да се зголеми.

Покрај помошта што ја обезбедуваат надлежните институции, грижата и помошта на старите лица е една од основните програмски активности на Црвениот крст на РСМ. Особено се дава значаен акцент за развој на сервиси за испорака на социјални и здравствени услуги за помош и грижа на старите лица во домашни услови.

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Црвениот крст на  Македонија, од 16 до 22 ноември 2021 година, со соодветни активности ќе ја одбележи Неделата на грижа на стари лица под мотото „Сите сме нивни деца“.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза