Нова модерна обиколница, која се пушта во употреба за сообраќај, како дел од експресниот пат Штип – Радовиш.
„Граѓаните на југоистокот, од утре ќе можат да возат по нова, модерна и безбедна обиколница, без притоа да мораат да влегуваат во градот. Јас денес знам дека после 40 години, направивме реконструкција на овој патен правец за наредните години и децении, а ќе биде пред сѐ за поголема безбедност и побрз транспорт”, изјави министерот Бочварски при вчерашниот увид на обиколницата.
Најавата е од денес попладне обиколницата ќе биде пуштена за сообраќај за сите возила. Обиколницата е во должина од 6 километри, коловозот е проширен на 11,5 метри, со две коловозни ленти од 3,5 метри ширина и две ленти за застанување.
Министерот Бочварски додаде дека на втората фаза од експресниот пат од клучката кај Три Чешми се работи интензивно и очекувањата се комплетно патот да биде пуштен во употреба и пред крајниот рок, кој е во април 2022 година.
Во однос на втората фаза на експресниот пат, од клучката кај Три Чешми, тој истакна дека се работи интензивно и очекувањата се комплетно патот да биде пуштен во употреба и пред крајниот рок кој е во април 2022 година. Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми, информираше дека градежните работи на втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш се влезени во завршна фаза.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови