ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АЦО РИСТОВ “РАДОВИШ Е ГРАД НА СИТЕ ГРАЃАНИ. СЕКОЕ МЕСТО, СЕКОЈ ГРАЃАНИН ЗАСЛУЖУВА ПОЧИТ.“

Новиот градоначалник Ацо Ристов им се заблагодари на граѓаните за поддршката истакнувајки дека големата и недвосмислена поддршка го прави горд, но истовремено носи и огромна одговорност и обврска.

Во интегралниот текст од обраќањето се вели:

 

Почитувани сограѓани, драги радовишани !

Дозволете ми од мое лично име да упатам огромна благодарност до сите граѓани кои беа дел од овие локални избори во општина Радовиш.

Голема благодарност до сите граѓани со кои се сретнавме во изминатиот период, до сите граѓани кои внимателно слушаа што ветувавме од нашата програма и што ќе реализираме во нашиот  мандат.

Сакам да упатам огромна благодарност до членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија – за нивната целосна поддршка и макотрпна работа во текот на целата кампања.

Благодарам на моето семејство, на моите пријатели и на мојот тим за несебичната поддршка за целиот период на кампањата.

 

Почитувани !

Ви ветувам дека чесно, посветено и со многу труд, сите заедно ќе чекориме кон модерен, безбеден и просперитетен Радовиш.

Ви ветувам дека одговорно и мотивирано ќе застанам во служба на Вашите барања, проблеми и интереси.

 

Предизвикот да се биде Градоначалник е огромен.

Како главен мотив за моето ангажирање во локалната самоуправа беше желбата за докажување дека со чесен, трудољубив и посветен пристап кон работата – може да се дојде до успех.

Дека политиката може да биде и поинаква од тоа што сме навикнати вообичаено да го гледаме како нејзин производ, и дека најголемите промени во општеството се случуваат токму на локално ниво, каде граѓаните чувствуваат потреба од реализација на одредени проекти.

Ќе работиме единствено во интерес на граѓаните, бидејќи знаеме дека она што најмногу ги засега граѓаните е нивното секојдневие и нивното опкружување.

 

Големата и недвосмислена поддршка ме прави горд, но истовремено носи и огромна одговорност и обврска.

За исполнување на мојата визија и мисија ќе барам средби, дијалози и обединување бидејќи, реално повеќе години луѓето во нашата општина се поделени по разни прашања и основи.

 

Време е да покажеме дека разликите во нашето делување треба да се однесуваат на различните политики за кои се залагаме, за решенија, за различни погледи кон нештата.

Разликите не треба да нè делат – треба да нè обединуваат.

Радовиш е град на сите граѓани. Секое место, секој граѓанин заслужува почит.

Нашите различности ќе ги сплотиме како заедничко богатство и предност.

Јас сум подготвен да прифатам секакви сугестии, идеи и барања на добронамерни луѓе.

Општината ќе биде отворена за сите.

 

Драги пријатели !

Целта е поставена пред нас.

Нашата цел е: развиен, напреден, добро уреден, посакуван и убав Радовиш.

Свесни сме за препреките кои ќе ги имаме, но ќе бидеме одлучни за целта која е поставена пред нас и ќе бараме поддршка за заедничко постигнување на истата.

Потребно е Радовиш да го ставиме на мапата на развиени европски градови, затоа што Радовишани тоа го заслужуваат.

Мораме да почнеме да размислуваме 20-30 години во иднината.

 

Стратешките прашања за развој на општината се решаваат со визија, а не со дневна политика. Денес борбата за да имаш развиена општина се одвива на поинаков начин.

Кога веќе имаме сопствена држава, најдобриот начин да бидеме локал-патриоти и да ја сакаме својата општина е да бидеме чесни, исполнителни и професионалци во својата работа.

Изборите завршија.

Од Понеделник започнуваме со оперативна работа.

 

Бидете живи и здрави.

 

Ви благодарам !

Ацо Ристов, Градоначалник на општина Радовиш

 

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза