ПРЕПОРАКА НА НОВИ МЕРКИ СО ЦЕЛ ЗАШТИТА НА ГРАЃАНИТЕ ОД КОВИД 19

На вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести се донесе одлука за препорака на нови мерки со цел заштита на граѓаните од Ковид 19

  • Сите вработени во јавниот сектор и локалната самоуправа, за одење на работа да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок или да приложат потврда за прележан Ковид 19, не постар од 45 дена или потврда од лекар специјалист дека вакцината не може да ја примат.
  • За ретките имунолошки состојби дополнително ќе се објави соодветна листа на болести и специјалисти кои тие потврди ќе може да ги издаваат.
  • Вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.
  • Ажурурање на процесот за спроведување на контрола на здравствените сертификати, користејќи ги електорнските алатки на европските сертификати преку апликација којашто го прикажува вистинскиот QR код и ја контролира неговата валидност.
  • Мерките денеска предложени треба да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата и 30 дена за оние здравствени работници коишто во овој момент се сѐ уште невакцинирани.
Препорака е кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата – информираше Министерот за здравство.

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза