РЕЈЧЕЛ ГАЛОВЕЈ, БРИТАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА НА РАДОВИШ

Денес во посета на општина Радовиш беше Британската Амбасадорка во Македонија, Нејзината Екселенција Г-ѓа Рејчел Галовеј.

Во директна протоколарна средба со градоначалникот на општина Радовиш – Ацо Ристов, тие разменија милења на повеќе актуелни теми. Се разговараше за локалните проблеми поврзани со енергетската криза во државата, проблемите со иселеноста на младите и можностите и програмите за поддршка на нови вработувања, можностите за финансирање и едукација за модерно производство на храна како и програмите и проектите кои ги подржува оваа амбасада.

Амбасадорката беше запознаена со сите тековни и идни активности, како и со сите бизнис капацитети со кои располага нашата општина а особено во делот на транспортните услуги, за кои во иднина може да биде остварена соработка на наши компании со компании од Обединетото Кралство.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза