Градоначалникот Ацо Ристов денеска имаше најава за кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“
- Почитувани сограѓани! Вие јасно и недвосмислено на овие локални избори дадовте поддршка на проектите, промените во општина Радовиш. Ние превземавме одговорност заедно со вас да ја изградиме новата иднина и затоа уште веднаш започнуваме. Започнуваме со реализација на кампањата „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“. Крајната цел на оваа кампања е во најблиска иднина воведување на зонско паркирање за граѓаните на општина Радовиш. Свесни сме за секојдневните проблеми со кои се соочувате во делот на паркирањето на вашите возила и затоа ја очекуваме Вашата поддршка на овој проект за еднаш и засекогаш да ги надминеме овие проблеми. Во тек е изработка на нова физибилити студија во која ќе бидат опфатени изградба на нови и регулирање на постоечките паркинг места како и целосно ставање под контрола на паркирањето во нашата општина. Тоа што сме го гарантирале имаме обврска да го спроведеме. Нашата општина и граѓаните немаат време да чекаат, туку напротив уште од самиот почеток на мандатот ние мора да работиме на спроведување на тоа кое што сме го преточиле во програма. Однапред Ви благодариме за соработката – истакна Ристов
ВИДЕО – Пресс на градоначалнико Ацо Ристов ЛИНК
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови