ОБЈАВЕНИ КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ

Според информациите од Државната изборна комисија во вториот круг од локалните избори избрани се градоначалници во 35 општини, во 9 има приговори, а во Дебар вториот круг ќе се одржи на 14 ноември.

Александар Даштевски, претседателот на ДИК, информира дека со изгласување на предлог заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето за избор на градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје, по одржаниот втор круг на гласање на 31 октомври, градоначалници се избрани во 35 општини, а во девет има поднесено приговори.

Градоначалници се избрани во:

Арачиново – Ридван Ибраими од ДУИ

Битола – Тони Коњановски ВМРО-ДПМНЕ

Боговиње – Бесник Емши од ДУИ

Василево – Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ

Вевчани – Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ

Врапчиште – Исен Шабани од Алијанса и Алтернатива

Гевгелија – Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ

Гостивар – Арбен Таравари од Алијанса и Алтернатива

Дебарца – Зоран Ногачески од ВМРО-ДПМНЕ

Демир Капија – Лазар Петров од СДСМ

Демир Хисар – Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ

Долнени – Урим Ибески од ДУИ

Зелениково – Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ

Карпош – Стевчо Јакимовски од ГРОМ

Кичево – Фатмир Дехари од ДУИ

Кратово – Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

Куманово – Максим Димитриевски – независен

Лозово – Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ

Македонска Каменица – Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ

Македонски Брод – Жарко Ристевски од ВМРО-ДПМНЕ

Ново Село – Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ

Охрид – Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ

Пехчево – Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ

Радовиш – Ацо Ристов од ВМРО-ДПМНЕ

Ранковце – Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ

Ресен – Јован Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ

Росоман – Стојан Николов од СДСМ

Струга – Рамиз Мерко од ДУИ освои

Теарце – Нухи Незири од ДУИ

Тетово – Билал Касами од Беса

Центар – Герасимовски од СДСМ

Чаир – Висар Ганиу од ДУИ

Чашка – Горан Стојановски од СДСМ

Чучер – Сандево – Сашко Комненовиќ од СДСМ

Град Скопје – Данела Арсовска – Група избирачи Данела Арсовска

 

Како што информираше Даштевски на денешната прес-конференција, приговори за гласање по листи на кандидати за градоначалници до ДИК, има за општините Кочани, Старо Нагоричане, Конче, Шуто Оризари, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Студеничани, Желино, Брвеница.

 

Комисијата ја потврди конечноста на резултатите за избор на градоначалник во Општина Дебар, по одржаното гласање на 31 октомври, по спроведената постапка за прегласување на прв изборен круг.

 

Втор изборен круг ќе се одржи на 14 ноември 2021 година и ќе се гласа за Хекуран Дука од ДУИ и Беким Поцеста од Алијанса и Алтернатива.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза