НАУТРО ПО КОТЛИНИТЕ ЌЕ ИМА ПОЈАВА НА МАГЛА И НИСКА ОБЛАЧНОСТ, ПРЕКУ ДЕНОТ ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО СО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ И ПОТОПЛО

Денеска наутро по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и потопло. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Утре ќе биде сончево со мала локална облачност, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со појава на утринска магла по котлините. До петок ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе бидат позитивни, а дневните во значителен пораст.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза