РИСТОВ СО 2672 ГЛАСА РАЗЛИКА НОВ ГРАДОНАЧАЛНИК НА РАДОВИШ

Официјално ДИК вчера ги соопшти првичните сеуште неофицијални резултати, Ацо Ристов во Радовиш стана градоначалник со 2672 гласа разлика пред неговиот против кандидат Коле Чаракчиев од СДСМ, или вкупно освоено 58,70%, додека Чаракчиев има 37,71%. Или вкупно 2672 гласа разлика.

Резултати ДИК

Излезеноста на гласачите

Неофицијалните резултати од страна на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ беа објавени, со што новиот градоначаник излезе со видео обраќање и благодарност кон граѓаните кои ја дадоа поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот Ацо Ристов.

„Радовиш победи, радовишани со вистинскиот избор. Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Радовиш. Победи народот, победија граѓаните! – истакна Градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов.

Фото: Плоштад Св. Спасо Радовиш – прослава за победата на ВМРО-ДПМНЕ и Градоначалникот Ацо Ристов.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза