ПРЕЗЕНТИРАНИ КЛУЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ, ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ ОД ИЗГОТВЕНАТА АНАЛИЗА ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА НА ЖЕНИТЕ ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО

Вчера беа презентирани клучните резултати, заклучоци и препораки од изготвената Анализа за процена на потребите за помош и поддршка на жените жртви на насилство кои ја напуштиле насилната средина за општина Радовиш и Конче, кое Женска акција го спроведе во рамките на проектот ,,Институционализирање на квалитетни сервиси за рехабилитација и интеграција на жени жртви на насилство” кој го спроведува Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство како партнерска организација на Автономен Женски центар – Србија, а со финансиска поддршка од Австриска агенција за развој (Austrian Development Agency).

На работилницата присуствуваа вработени во институциите кои што работат со жени и деца жртви на насилство и семејно насилство кои дадоа сугестии за подобрување на превенцијата, заштитата и услугите за жени жртви на насилство кои ј напуштиле насилната средина.

Имајќи ја во предвид комплексноста на овој проблем присутните дискутираа за проблемите со кои се соочуваат во работата, недостатокот на финансиски средства за развивање на нови услуги за рехабилитација и реинтеграција на жени жртви на насилство.

Во недостаток на локални политики присутните се согласија дека двете општини треба да подготват и усвојат годишни програми за социјална заштита каде жените жртви на насилство ќе бидат препознаени како посебно ранлива категорија и за кои ќе се обезбедуваат посебни услуги, помош и поддршка.

 

 

Женска акција

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза