МОЖНОСТИТЕ ЗА ДИСЛОЦИРАЊЕ НА НАДЗЕМНИТЕ КАБЕЛСКИ ИНСТАЛАЦИИ И ЗАМЕНУВАЊЕ СО НОВИ ПОДЗЕМНИ КАБЕЛСКИ ВОДОВИ

Можностите за дислоцирање на надземните кабелски инсталации и заменување со нови подземни кабелски водови, општина Радовиш иницира состанок со иматели на надземни кабелски мрежи низ општината.         

 – На ден 24.11.2021 година со почеток од 12:00 ч. ќе се одржи состанок со иматели на надземни кабелски мрежи на територијата на општина Радовиш, во салата за состаноци во зградата на ЕЛС општина Радовиш. Целта на состанокот е да се разгледат можностите за дислоцирање на надземните кабелски инсталации и заменување со нови подземни кабелски водови. Се покануваат сите иматели да присуствуваат на состанокот. Се надеваме на успешна соработка и заеднички да го решиме овој проблем кој ќе ја подобри сликата на нашиот град.  – информираат од општина Радовиш.

*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза