25 СТИПЕНДИИ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ
Денес , во општина Радовиш беа доделени Договорите за стипендирање на ученици од основното и средното образование во општина Радовиш
Согласно Одлуката за доделување на стипендии за учебната 2021 / 2022 (бр. 09-1317/4 од 14.12.2021 г.) донесена од Градоначалникот на општина Радовиш по претходно бодирање од страна на Комисијата за доделување на стипендии при општина Радовиш, стипендија добија вкупно 25 ученици од кои 16 ученици од општинските основни училишта, 4 ученици од средното училиште „Коста Сусинов„ и 5 ученци кои добија стипендија по основ на социјална положба.
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов при доделувањето на Договорите им нагласи на учениците дека општината по осми пат ги доделува овие стипендии и дека му е драго што општината на еден ваков начин ги стимулира најдобрите ученици од општина Радовиш и што овој континуитет продолжува и во неговиот мандат како градоначалник.
На крајот од своето обраќање тој им посака уште поголеми успеси на учениците – стипендијанти, изразувајќи уверување дека еден ден некои од овие најдобри ученици можеби ќе раководат и со општината во некое идно време.
Општина Радовиш
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови